Руски историчар застрелал и распарчил студентка

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Рускиот историчар Олег Соколов (63), кој призна дека во Санкт Петербург ја застрелал и потоа ја распарчил својата љубовница, студентката Анастасија Јешченко (24), е осуден на 12 и пол години затвор, пренесува Би-Би-Си.

Експертот за Наполеонските војни, Олег Соколов, беше пронајден пијан покрај река во ноември 2019 година, а исечените раце на студентката му биле во ранецот.

На Интернет е организирана петиција во која се обвинува Државниот универзитет во Санкт Петербург дека ги игнорирал поплаките на студентите против Соколов. Петицијата досега собра повеќе од 7.500 потписи.

Соколов доби отказ на рускиот универзитет и беше отпуштен и од други академски позиции во Франција.

На суд, Соколов признал дека пукал во Јешченко четири пати, а потоа го распарчил нејзиното тело.

Полицијата подоцна пронашла други делови од телото на жртвата, некои низводно од реката, а некои во станот на Соколов.

Слични содржини