Рускиот јутубер Стас Рифлеј е уапсен откако ја заклучил својата бремена девојка на блкон и ја оставил да замрзне до смрт, за 1.000 американски долари, пренесува британски „Sun“.
Фан на популарниот Јутјубер ја вети споменатата сума пари, доколку Стас ја натера својата бремена девојка Валентина Григоријева да излезе на тераса само во долна облека. Неговата задача беше да ја заклучи и да ја остави на терасата, иако температурата беше под нулата.
Валентина беше во рана фаза на бременост, а наскоро откако Рифлеј ја заклучи на терасата, почина од хипотермија.
Нејзината шокантна смрт доведе до низа реакции во заедницата на Интернет. Наскоро, започнаа да пристигнуваат барања за итна забрана за интернет „насилство во реалноста“, што е лесно достапно за секого, па дури и за децата.
El youtuber ruso Stas Reeflay maltrató y asesinó a su esposa embarazada en plena transmisión totalmente ininterrumpida. https://t.co/MJBEi2xi4S pic.twitter.com/0JJkv3wTT4
— PlayerOne.vg (@playeronevg) December 4, 2020
Станислав Решетников, познат како Стас Рифлај, го пренесуваше целиот настан во живо, сè додека не сфати дека нешто не е во ред со Валентина.
Кога сфати што сторил, Јутјуберот ја стави девојката на каучот и започнал со реанимација.
Снимката ја следеле дури 10.000 корисници на ЈуТјуб за време на преносот, а Стас престанал да снима по пристигнувањето на брзата помош, во која може да се констатира само смртта на младата девојка.
Тој е уапсен кратко потоа. Му се заканува затворска казна од две години доколку форензичарите докажат дека причината за смртта е хипотермија.