Руски комунисти отворија центар во чест на Јосиф Сталин

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Руски комунисти во градот Пенза, во централниот дел на Русија, отворија центар посветен на Јосиф Сталин, со цел да го оживеат името и да го возвишат управувањето на поранешниот лидер на Советскиот сојуз.

5678c595c46188b9048b4595

– Отворивме центар, со цел да го осветлиме името на Сталин по долгогодишните клевети, истакна директорот на објектот Георгиј Камнев, кој е пратеник во локалниот парламент во областа Пенза и член на Комунистичката партија на Русија.

„Центарот Сталин“ се наоѓа на простор од два ката во една зграда во центарот на градот Пенза, во кој има над 500.000 жители. Тука Комунистичката партија е многу активна и има 15 отсто од местата во регионалниот парламент.

Мисијата на центарот е да се доделуваат стипендии на студенти по историја, да организира конференции и тркалезни маси за следење на сталинизмот.