Руски масовен напад врз Украина: 12 загинати и 90 ранети, погодени воени капацитети

од Љубиша Владимиров
76 прегледи

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека извршило масовен напад во текот на ноќта врз украинскиот воено-индустриски комплекс, користејќи воздушно, копнено и поморско оружје, како и беспилотни летала со долг дострел. Во соопштението се наведува дека се погодени фабрики во украинската авијација, ракетната и вселенската индустрија, машинската индустрија и производството на оклопни возила, како и капацитети за производство на ракетно гориво и барут.

Украинските власти соопштија дека Русија го нападнала Киев во текот на ноќта со проектили и беспилотни летала, при што загинале најмалку 12 лица, а 90 се ранети.

„До 16 часот и 45 минути, бројот на загинатите од рускиот напад врз главниот град се искачи на 12 лица, а 90 се повредени“, соопшти прес-службата на Државната служба за вонредни состојби на Украина на својот канал „Телеграм“. Во нападот беа погодени и регионите Харков, Дњепропетровск, Житомир, Запорожје и Хмелницки. 25 април е прогласен за Ден на жалост во главниот град на Украина.

Слични содржини