РУСКИ МЕДИУМИ: ФСБ откри дека во убиството на Дугина е вмешан уште еден украински државјанин

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Руската Федерална служба за безбедност идентификуваше уште еден член на украинската диверзантска група вклучена во убиството на руската новинарка Дарја Дугина.

Ова го пренесе РИА Новости повикувајќи се на Центарот за односи со јавноста на ФСБ на Русија.

Руската специјална служба утврдила дека убиството на Дугина, заедно со Украинката Наталија Вовк, го подготвил во Москва друг член на, како што ја нарекуваат, „украинска диверзантско-терористичка група“, државјанинот на Украина Богдан Циганенко, роден 1978 година, пренесува РИА.

Според податоците на ФСБ, тој пристигнал во Русија транзитно преку Естонија на 30 јули 2022 година и ја напуштил руската територија еден ден пред Дарја Дугина да биде убиена.

ФСБ соопшти дека Циганенко и дал на Вовк лажни регистарски таблички и документи на име на вистински државјанин на Казахстан, Јулија Заико.

Покрај тоа, Циганенко, заедно со Заико, составиле импровизирана експлозивна направа во изнајмена гаража во југозападниот дел на Москва.

Автомобилот со кој управувала Дугина беше кренат во воздух вечерта на 20 август во Подмосковље.

Според ФСБ зад убиството на новинарот стојат украински специјалци, а сторителот е државјанката на Украина – Наталија Вовк.

Слични содржини