Руски милијардер: 90% од луѓето во Русија се противат на војната во Украина

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Рускиот милијардер Олег Тинков, основачот на интернет банката Tinkoff, на Инстаграм ја осуди „безумната“ руска војна во Украина.

Тој го повика Западот да помогне да се запре масакрот и рече дека деведесет проценти од Русите се против таа војна и дека бесмислената војна никому не му користи затоа што умираат невини луѓе и војници.

-Кога утрото се разбудиле мамурни, генералите сфатиле дека имаат војска која е за ништо. И како може армијата да биде добра ако ништо друго не е добро во земја која се гуши во непотизам и ропство? – напиша Тинков на Инстаграм.

Инаку, Tinkoff Bank е основана во 2006 година, а според последните извештаи има околу 20 милиони клиенти. Кога станува збор за Тинков, тој е на списокот на луѓе кои се погодени од британските санкции поради руската инвазија на Украина.

Слични содржини