Руски милионер се обидува да постигне бесмртност

од desk3
79 прегледи

Рускиот милионер Дмитриј Ицков се обидува да најде начин да го внесе човечкиот мозок во компјутер и така да ја открие тајната кон бесмртноста, пишува БиБиСи. Тој смета дека за 30 години тоа би било можно.

Image_5363155_407

35-годишниот Дмитро решил да го напушти светот на бизнисот, за да направи нешто значајно за човештвото. Смртта е неизбежна, бидејќи со стареењето клетките во нашите тела ја губат својата функција да се самопоправаат, објаснува Ицков. Ова предизвикува болести, кои во еден момент водат до смрт.

Милионерот решил да го вложи своето богатство во амбициозен проект кој ќе ги отклучи тајните на човечкиот мозок и да го копира во компјутер. Крајната цел е да се продолжи постоењето на личноста, без таа да е зависна од расипливото тело.

(ГАЛЕРИЈА) Минималистички и шик – станот на Ирина Шајк

Д-р Рандал Коен, невролог од Бостонскиот универзитет, изјави за Би-Би-Си дека на теорија тоа е сосема можно. Практично остварување на оваа идеја е исклучително тешко, но според д-р Коен, Ицков не е луд, туку иноватор, кој по време може и да ја постигне својата цел.