Мултимилионер и неговата сопруга беа пронајдени избодени до смрт во близина на Москва. Голите Евгениј Паланта (47) и неговата сопруга Олга (50), двајцата родени во Украина, ќерката Полина (20) ги пронашла со повеќекратни рани од нож. Некои извештаи тврдат дека убиствата всушност биле убиство-самоубиство предизвикано од љубомора, како и во други истакнати случаи кои ја потресоа Русија, пренесува „Мирор“.
Жената наводно открила дека нејзиниот сопруг, тајкун, ја изневерил и дека е подготвен да го напушти семејството. Таа наводно го избодела 14 пати, а по грозоморното злосторство, со неговата крв на ѕидот нацртала две срца. Потоа таа наводно си го одзела животот.
Нивната вознемирена ќерка ги пронашла во нивниот дом во близина на Москва, а повикала брза помош откако била шокирана од она што го видела.
Како и во претходните случаи, близок семеен пријател ја оспори приказната за тоа што се случило и негираше какви било проблеми во бракот.
Михаил, пријател на парот кој често минувал време со нив, рекол дека тие се „вистински пример за семејство полно со љубов“ и дека секогаш биле „толку хармонични“. Тој додаде дека двојката е убиена, велејќи:
– Убиството од љубомора не предизвикува ништо друго освен конфузија. Во нивната врска имаше вистинска љубов – објави „Мирор“.
Палант се збогатил како филантроп во Абхазија, регион во Грузија што Русија го признала како независна држава. Имал интереси и во различни компании кои биле поврзани со руската елита.
Сличен случај се случи и во април, кога се чинеше дека богатиот Владислав Авајев (51), поранешен функционер на Кремљ, си го одзел животот откако ги убил сопругата Јелена (47) и ќерката тинејџерка Марија, пишува „Мирор“.