Руски научници развија алгоритам за контрола на сателити

од Stefanija Kuzmanovska
290 прегледи

Научниците од Федералниот истражувачки центар во Санкт Петербург, кој е дел од Руската академија на науките, развија алгоритам што контролира неколку стотици помали сателити во орбитата за подобро да ги вмрежи и да ја забрза размената на податоци, изјави денес високиот службеник на Центарот, Олег Карсаев, за ТАСС.

Ова ќе ја зголеми способноста на Земјата да согледа далечни објекти, додаде Карсаев.

„Со цел да обезбедиме подобро функционирање на мрежата што вклучува неколку стотици мали сателити, треба да им овозможиме да работат поефикасно, па дури и да донесуваат правилни одлуки автономно, без човечки фактор. Ние сме фокусирани на развој на вакви алгоритми“, додаде Карсаев.

Слични содржини