Руски официјални лица: Херсон ќе ја користи рубљата од 1 мај

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Градот Херсон на југот на Украина, за кој Русија тврди дека го окупирал, од 1 мај ќе премине на употреба на рубља, пишува рускиот државен медиум РИА Новости.

Кирил Стремусов, заменик-шеф на воено-цивилната администрација во регионот, за РИА Новости изјави дека транзицијата ќе се одвива во период од четири месеци, во текот на кој во оптек ќе бидат руската рубља и украинската гривни.

По овој период, регионот целосно ќе се префрли на руската валута, додаде тој.

Слични содржини