Руската влада предложи мировен план за решавање на кризата во седум точки . Документот е објавен во пресрет меѓународната средба за Сирија на 13 ноември во Женева. Најважниот дел од рускиот план е предлогот сирискиот претседател Башар Асад привремено да ја напушти власта и потоа да биде составена преодна влада. По телефонските разговори на турскиот претседател Ердоган со Путин во средата руските медиуми објавија дека Кремљ може да ја промени својата позиција во врска со режимот на Асад.

Планот, кој беше дистрибуиран од медиумите во Москва, во практика ја потврдува оваа промена. Документот нуди решение “без поразени и без победници”, а експертите го споредуваат со договорот од Тајфа од 1989-та година, кој стави крај на 14-годишната граѓанска војна во Либан. До моментов нема официјална реакција од страна на западните држави за овој план. Советникот во руската влада Владимир Флоров изјави дека овој план не нуди се да се даде на победникот.
Еве го целосниот текст на планот.
1. Ќе има две категории вооружена сириска опозиција – оние кои се подготвени да преговараат со Асад, и оние кои ќе продолжат вооружениот отпор.
2. Да се постигне прекин на огнот меѓу режимот на Асад и опозицијата, која е подготвена да преговара со него. Да се стави крај на испораките на оружје за сириската опозиција од надворешните “спонзори”.
3. Во преговорите ќе учествуваат опозициските групи и претставниците на Слободната сириска армија. Овие преговори треба да доведат до општа амнестија и ослободување на сите затвореници. Да се создадат промени и услови за одржување на предвремени претседателски и парламентарни избори, кои ќе доведат до формирање на влада на национално помирување со учество на претставници на сите групи. Уставот на Сирија треба да биде променет , а ингеренциите на претседателот ќе се префрлат на премиерот.
4. Русија треба да се осигура дека Асад нема да учествува во следните претседателски избори лично, но може да номинира некој од семејството и од своето опкружување.
5. Сите вооружени опозициски групи и проиранската милиција треба да бидат вклучени во сириската национална армија.
6. Русија ќе обезбеди целосна амнестија на сите учесници од редовите на вооружените опозициски групи, ако тие се согласуваат да не гомгонат Асад и неговото семејство.
7. Руското воено присуство ќе се задржи во Сирија преку посебна резолуција на Советот за сигунрост на ОН, како гарант за спроведување на предложениот договор.
Флоров истакна дека крајна цел на планот е да се стави крај на 4-годишната војна, во која досега загинаа над 250 000 луѓе. “Русија многу сака мировните преговори да доведат до напредок и ќе стори сé за постигнување на политичко решение”.