245
Висок претставник на рускиот парламент изјави во Херсон, украински град контролиран од Москва, дека Русија засекогаш ќе остане во јужна Украина, пренесе АФП.
– Русија ќе остане тука засекогаш. За тоа не треба да има сомнеж. Нема да има враќање во минатото – изјави Андреј Турчак, се вели во соопштението на владејачката партија „Единствена Русија“.
– Ќе живееме заедно, ќе го развиваме овој богат регион, богат со историско наследство, богат со луѓе кои живеат овде – додаде Турчак.
Турчак најави и отворање на центар за хуманитарна помош во Керсон, за испорака на храна, лекови и основни потреби.
Ова е првпат висок руски функционер да укаже на намерата на Москва да остане присутна на украинска територија.