238
Спикерот на рускиот Парламент денеска нагласи дека западните лидери имаат корист од смртта на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, бидејќи ја „губат“ битката во Украина.
-Западните лидери „кои донесоа огромен број неуспешни одлуки и се држат до своите позиции имаат корист од неговата смрт, рече претседателот на Парламентот, Вјачеслав Володин, без да даде детали, јавија француските медиуми пренесувајќи негова изјава дадена за медиумите во Москва.