Руски разузнавачи: САД планира сајбер-напад пред изборите

Aдминистрацијата на Бајден им поставила задача на американските НВО да постигнат намален одѕив на изборите со повик до граѓаните да не излегуваат на нив.

од Бети Божиноска
209 прегледи

Руската надворешна разузнавачка служва (СВР) предупреди денеска дека САД планираат сајбер-напад на системите за далечинско електронско гласање за да го искомплицираат борењето гласови на претседателските избори во Русија, пренесува „РИА Новости“.

„Планирано е изведување сајбернапади на системите за далечинско електронско гласање со учество на водечки американски ИТ-експерти,“ велат од разузнавачката служба, тврдејќи дека на овој начин Вашингтон се обидува да оневозможи пребројувањето на гласовите на значителен број од руските гласачи.

Во извештајот на СВР се наведува и дека администрацијата на претседателот Џо Бајден им поставила задача на американските невладини организации да се постигне намален одѕив на изборите со повик до граѓаните да не излегуваат на нив.

„Американската идеја е едноставна. Вашингтон смета дека падот на одѕивот ќе биде добра причина Западот да ги оспори резултатите од изборите“, се вели во соопштението на СВР.

Руските претседателски избори ѓе се одржат од 15 до 17 март, а покрај актуелниот претседател Владимир Путин, кандидирани се и лидерот на Комунистичката партија, Николај Каритонов, лидерот на Новата народна партија, Владислав Даванков и лидерот на Либерално-демократската партија, Леонид Слутски.

Сепак, се чини дека политичките стратези во Вашингтон се под ризик повторно да згрешат, оценува руската служба. Оттаму светаат дека граѓаните на земјите од ЕУ ќе бидат заинтересирани да слушнат обвинувања против Русија од устата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во првиот круг од претседателските избори во Франција во 2022 година не успеа да добие ниту 30 отсто од гласовите.

„Ваквите изјави не ѝ одговараат ниту на Џорџа Мелони, чија партија со 26 отсто од гласовите неочекувано победи истата година само поради рекордно слабата излезност на парламентарните избори во Италија. Што да кажеме за Олаф Шолц, чија партија е претставник на изборите за Бундестагот во 2021 година, а за кого гласале околу 26 отсто од гласачите. Според анкетите во Германија, само 14 отсто од гласачите би го поддржале ако во Германија се одржат директни избори“, се вели во соопштението на СВР.

Ова можеби е суптилно навестување од Американците до Риши Сунак, кој во 2022 година итро ја презеде функцијата премиер на Велика Британија, заобиколувајќи го гласот на граѓаните, посочува руската служба, додавајќи дека Сунак го одложува одржувањето на вонредните парламентарни избори на секој можен начин, по кои, без сомнение, би останал без функција.

Слични содржини