217
Рускиот суд дополнително ја казни компанијата Google со четири милијарди рубљи, или околу 42,86 милиони евра, поради неплаќање на претходната казна што ја наложи Федералната антимонополска служба (ФАС) на Русија.
Во денешното соопштение на ФАС се наведува дека претходната казна на Google не била платена во предвидениот рок од 60 дена и затоа судот во Москва ја удвоил претходната казна, пренесува ТАСС.
ФАС претходно го казни Google со две милијарди рубљи за кршење на правилата за дозволена содржина на Интернет, кои беа усвоени во февруари 2022 година.