Руски суд го казни Volkswagen со 191,5 милиони американски долари

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Руски суд ја казни германската автомобилска компанија Volkswagen со 16,9 милијарди рубљи (околу 191,5 милиони американски долари) во тужбата на руската компанија ГАЗ.

Судот во провинцијата Нижни Новгород во вторникот пресуди дека Volkswagen нанел материјална штета на ГАЗ, јавува AА.

ГАЗ ја обвини германската автомобилска компанија дека не ги исполнила своите обврски за производство и испорака на делови според тековните договори и дека еднострано раскинала некои други договори.

Поради санкциите на Западот против Русија и обесхрабрувањето да се води бизнис со Москва поради тековната војна против Украина, Volkswagen објави дека се повлекува од земјата во мај 2023 година и ги продава своите средства во Русија на локална фирма.

Рускиот министер за трговија Антон Алиханов во понеделникот објави дека започна масовното производство на автомобили во поранешната фабрика на Volkswagen во Калуга.

Слични содржини