Руски суд ја забрани организацијата на Навални и ја прогласи за „екстремистичка“

од Nikola Popovski
257 прегледи

Руски суд ја забрани организацијата на опозициXonerot Алексеј Навални, оценувајќи ја како незаконска и прогласувајќи ја за екстремистичка.

Пресудата стапува на сила веднаш и ги спречува сите луѓе поврзани со Фондацијата за борба против корупција, основана од Навални, но и со широко распространета мрежа на регионални канцеларии низ Русија, да вршат некогаш јавна функција.

Многу сојузници на Навални се надеваа дека ќе можат да се кандидираат за пратеици во Парламентот на изборите на 19 септември.

Етикетата на екстремизам носи долги затворски казни за активисти кои работеле со организации, сите донатори, па дури и оние кои само дистрибуирале промотивни материјали.

Алексеј Навални е најголемиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, кој беше уапсен на аеродромот во Москва во јануари по враќањето од Германија, каде се лекуваше од труење.

Во февруари, Навални беше осуден на две години и осум месеци затвор, кои ги издржува во колонија оддалечена 200 километри од Москва. Тој постојано се жалеше на условите во затворот и истакна дека чуварите го мачеле со постојано будење и проверка на ќелијата.

Во еден момент тој започнал штрајк со глад затоа што не му било дозволено да го посети затвроскиот лекар.

Слични содржини