Руски телевизиски оператор повторно прекина натпревар од Бундеслигата поради антивоена порака

од Vladimir Zorba

Руската телевизија „МачТВ“ по вторпат прекина натпревар од Бундеслигата, откако беа прикажани антивоени пораки за време на победата на Баерн од 3:0 над Арминија (Билфелд) во неделата.

Поради емитување на проукраински пораки беше прекинато и следењето на натпреварот на 2 април меѓу Борусија (Дортмунд) и РБ Лајпциг. Во двата случаи, „МачТВ“ го наведе политичкото мешање во спортот како причина за прекин на емисијата.

За разлика од англиската Премиер лига и француската Лига 1, Бундеслигата сè уште се емитува во Русија по инвазијата на Украина.

Германската фудбалска лига на почетокот на март одлучи да го продолжи договорот со „МачТВ“ делумно за да дозволи во Русија да се прикажуваат антивоени пораки.

Приходите од договорот се донираат за хуманитарна помош во Украина.

Слични содржини