174
Руските војници стационирани во Белорусија напредуваат кон Киев, соопшти британското Министерство за одбрана.
Во ажурирана објава што беше објавена на Твитер во 16 часот по британско време, Министерството објави дека Русија извршува воздушен напад врз предградијата на Киев.
Според „Гардијан“, нападите биле извршени „со комбинација на ракети лансирани од руска почва, од воздушен простор и од море и артилериско бомбардирање“, а цел била воената инфраструктура.
Двете страни претрпеа големи загуби, соопшти Министерството, иако точниот број на жртви засега не е познат.