Руски уредници отпуштени по истраги за бизнис интереси на Путин (секоја сличност со Македонија е случајна, или не!?)

од desk3
102 прегледи

Тројца главни уредници на руска медиумска група беа отпуштени по истраги во врска со бизнис интересите на семејството на претседателот Владимир Путин, соопшти АФП.
Дневниот “РБК” неодамна објави серија на материјали за блиски до Путин, вклучувајќи и за зет му.

putin

Групата “РБК” е сопственост на милијардерот Михаил Прокхоров чиј канцеларии беа претресени во април од властите.
Тројцата избркани новинари се главниот уредник на целата медиумска група Елисавета Осетинскаја, главниот уредник на новинската агенција “РБК” Роман Баданин и главниот уредник на дневниот весник на групата Максим Солјус.

Германиja: Расте најсиромашната средна класа, a мигрантите придонесуваат за тоа

“Во последно време разговаравме многу за тоа како да ја развиеме РБК повеќе и при овие разговори не успеавме да постигнеме заедничко мислење за важни прашања. Затоа решивме да се разделиме “, изјави генералниот директор на компанијата Николај Молибог.

Медиумската група одби официјален коментар по прашањето дали отпуштањата се предизвикани од Кремљ.

RTR1SRON-putin-phone-4x3

Осетинскаја се заблагодари на поддржувачите на тројцата новинари на “Фејсбук”, но одби да даде длабок коментар. Таа додаде дека е “шокирана” од големата јавна поддршка за нив. Пред да ја преземе “РБК” во 2013 година 39-годишната Осетинскаја била главен уредник на рускиот “Форбс” и сајтот на весникот “Ведомости”.

Според медиумски аналитичари токму таа го претвора РБК, која претходно е познат по сомнителни новинарски практики, во една од најчитаните руски медиуми.

Неколку други новинари од медиумската група исто така, рекоа дека ќе ги следат своите претпоставени и ќе ја напуштат работата.
Според многу од неговите критичари, од неговото доаѓање на власт во 2000 година претседателот Владимир Путин ја потиснува слободата на говорот и критичните кон него медиуми и опозициските партии во Русија.

Многу изданија се принудувани на официјален и можеби неофицијален пат да ги намалуваат критиките кон Кремљ, други се затвораат или се селат во странство.