Руски воени бродови влегоа во пристаништето во Бангладеш

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Два големи противподморнички брода на руската Пацифичка флота „Адмирал Трибук“ и „Адмирал Пантелеев“ и танкерот „Печенга“ впловија во пристаништето Читагонг во Бангладеш.

Двата брода се закотвија во пристаништето Читагонг, кое се смета за главно пристаниште на јужноазиската земја.

Руските морнари пристигнаа во Бангладеш за прв пат по речиси половина век, пренесе Тасс.

Претходната посета на руски морнари на Бангладеш се случи пред 50 години, за да се изврши единствена операција за расчистување и деминирање на пристаништето Читагонг.

„Потоа одред руски бродови дојде во оваа млада република, која се стекна со независност во 1971 година, за да ја спаси од хуманитарна катастрофа. Водите на пристаништето беа минирани по војната за независност, а освен тоа, тука беа потонати десетици бродови“, изјави рускиот амбасадор во Бангладеш, Александар Мантиќки.

Како што истакна почесниот конзул на Руската Федерација во Читагонг Ашик Имран, сега руските морнари повторно дојдоа во Читагонг, но овој пат само во пријателска посета.

„Ова е доказ дека односите меѓу нашите две земји се уште се на многу високо ниво“, рече Имран.

Слични содржини