Руски војници пукаат во цивили во окупираниот Херсон (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Руски војници отвориле оган врз цивилни демонстранти во окупираниот украински град Херсон и раниле најмалку едно лице, објавија локалните медиуми, додека силите на рускиот претседател Владимир Путин ги интензивирале нападите фокусирајќи се на исцрпување на цивилите со гранатирање на градот Одеса.

Снимката од Херсон споделена на социјалните мрежи покажува човек кој крвари од ногата откако бил застрелан за време на демонстрации. Руските сили употребиле огнено оружје, но и шок бомби за да ги растераат демонстрантите, објави новинската агенција Интерфакс.

Постојани протести траат откако Херсон беше првиот голем град кој падна за време на руската инвазија на Украина, пишува Гардијан.

Слични содржини