Украинската правобранителка Људмила Денисова синоќа изјави дека руски војници силувале 11-годишно момче и 14-годишно девојче во Буча.
Таа додаде дека војниците силувале и 20-годишна жена во Ирпин.
Да потсетиме, американскиот државен секретар Антони Блинкен неодамна предупреди дека има се повеќе веродостојни извештаи дека руските сили во Украина мачат, силуваат и убиваат невини цивили, пишува „Sky News“.
Истрага на Меѓународниот кривичен суд
Минатиот месец, главниот обвинител на МКС, Карим Кан, започна истрага за можни воени злосторства во Украина, по барање на голем број земји-членки на Трибуналот.
„Веќе во прелиминарното испитување на ситуацијата во Украина, мојата канцеларија најде основано сомневање дека таму се извршени злосторства за кои е надлежен овој суд“, рече Кан.
„Обвинителството сега ќе започне со собирање докази за наводите за воени злосторства, злосторства против човештвото или геноцид на кој било дел од украинската територија против кое било лице“, додаде тој.
Украина стана членка на МКС во 2014 година, по руската анексија на Крим.