Рускиот амбасадор во Букурешт: Амбасадата добиваше закани за бомби, атмосферата е тензична

од Vladimir Zorba

Руската амбасада во Букурешт добила закани за бомба, изјави рускиот амбасадор во Романија, Валери Кузмин. Според дипломатот, во Романија постепено се развива „многу напната“ атмосфера.

– Амбасадата постојано добиваше директни закани преку електронска пошта – дека ќе биде крената во воздух, дека ќе биде отруен некој и слично – изјави амбасадорот за ТВ каналот Русија 24.

Да потсетиме, едно лице загина откако утрово со автомобил удри во капијата на руската амбасада во Букурешт.

По ударот автомобилот се запалил, а возачот изгорел.

Според локалните медиуми, Богдан Д.(46) бил зад воланот на автомобил кој удрил во капијата на руската амбасада во Букурешт.

Слични содржини