Рускиот амбасадор во Лондон: Киев ќе мора да одлучи – или мировен договор или пропаст

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Русија ќе ги порази украинските сили во целиот источен регион Донбас и веројатно нема да се повлече од огромниот дел од копното долж јужниот брег на Украина, изјави рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин.

На прашањето како може да заврши конфликтот, Келин во интервју за „Ројтерс“ рече дека украинските сили ќе бидат истиснати од целиот Донбас и дека е малку веројатно силите поддржани од Русија и Русија да се повлечат од јужна Украина.

– Ќе го ослободиме целиот Донбас, изјави Келин во својата резиденција во Лондон.

Тој додаде дека, секако, тешко е да се предвиди повлекување на руските сили од јужниот дел на Украина, бидејќи веќе постои искуство дека по повлекувањето почнуваат вооружени провокации и слично.

– Порано или подоцна Украина ќе треба да одлучи – да склучи мировен договор со Русија или да продолжи да се лизга по овој рид во пропаст, смета Келин.

Тој е изненаден што британската страна не се потрудила да ги ослободи двајцата британски државјани кои беа осудени на смрт на истокот на Украина.

– Немаше барање за посредување, немаше барање за нивно ослободување или нешто слично во смисла „да разговараме за нивната судбина и што може да се направи во оваа ситуација“, рече Келин.

Британските државјани Ејден Еслин и Шон Пинер, кои беа заробени во Доњецк, беа осудени на смрт како странски платеници на страната на Украина.

Од почетокот на специјалната воена операција на 24 февруари, руските сили презедоа контрола врз голем дел од територијата низ јужното крило на Украина над Крим и полека ги туркаат украинските сили од регионите во источна Украина, односно Донбас и Луганск.

Слични содржини