Рускиот амбасадор во Минск: Нуклеарното оружје ќе биде распоредено покрај белоруските граници со НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Рускиот амбасадор во Белорусија, Борис Гризлов, изјави дека руското тактичко нуклеарно оружје ќе биде распоредено во близина на границата на Белорусија со НАТО соседите.

Изјавата на Гризлов уследи откако рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека планира да распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на сојузничката Белорусија.

Путин истакна дека изградбата на магацинот за тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ќе заврши на први јули и додаде дека Русија помогнала да се модернизираат белоруските воени авиони за да можат да носат нуклеарно оружје.

Слични содржини