Рускиот амбасадор во ОН: Никому не му се закануваме со нуклеарно оружје, тоа е западна пропаганда

од Vladimir Zorba
140 прегледи

РУСИЈА никому не се заканува со нуклеарно оружје, иако западниот печат во својата пропаганда го тврди спротивното, изјави денеска постојаниот претставник на Руската Федерација во Обединетите нации – Василиј Небензја.

– Кога станува збор за нуклеарна војна, спијам мирно, бидејќи знам дека не бараме нуклеарна војна и не сме се заканиле со нуклеарна војна. Целиот овој наратив дека Русија му се заканува на светот со нуклеарно оружје е дел од западната пропаганда, рече Небензја, цитиран од ТАСС.

Небензја потсети дека Русија долго време постојано потсетува дека нуклеарната војна не е дел од руската воена доктрина, која предвидува многу малку конкретни случаи во кои може да се користи нуклеарно оружје.

Слични содржини