140
РУСИЈА никому не се заканува со нуклеарно оружје, иако западниот печат во својата пропаганда го тврди спротивното, изјави денеска постојаниот претставник на Руската Федерација во Обединетите нации – Василиј Небензја.
– Кога станува збор за нуклеарна војна, спијам мирно, бидејќи знам дека не бараме нуклеарна војна и не сме се заканиле со нуклеарна војна. Целиот овој наратив дека Русија му се заканува на светот со нуклеарно оружје е дел од западната пропаганда, рече Небензја, цитиран од ТАСС.
Небензја потсети дека Русија долго време постојано потсетува дека нуклеарната војна не е дел од руската воена доктрина, која предвидува многу малку конкретни случаи во кои може да се користи нуклеарно оружје.