135
Рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андрејев, е повикан на разговор во министерството за надворешни работи по инцидентот кај украинската граница, каде падна ракета и предизвика експлозија во која загинаа две лица.
Портпаролот на полското министерство за надворешни работи Лукаш Јасина изјави дека средбата меѓу министерот Збигњев Рау и рускиот амбасадор траела „само четири минути“, објави Си-Ен-Ен.
Руското министерство за одбрана претходно денеска објави дека руски експерти ги идентификувале остатоците од полските фотографии објавени по експлозијата во Полска како остатоци од украинскиот противвоздушен ракетен систем С-300.