Рускиот амбасадор во САД: Санкциите против Русија ја влошуваат глобалната ситуација

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Русија не е изненадена од новите санкции воведени од САД и останува убедена дека таквите ограничувања само ја влошуваат глобалната економска ситуација и влијаат на достапноста и безбедноста на храната во светот, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Не сме изненадени од новите ограничувања“, рече амбасадорот, опишувајќи ги како „уште една потврда за русофобната хистерија на Вашингтон“, пренесува ТАСС.

„Убедени сме дека обидите да се блокира можноста за плаќање за Русија нема да останат незабележани од сериозните инвеститори, со што ќе се поткопува довербата во САД“, рече Антонов.