Растот на БДП на Русија во февруари 2024 година беше 7,7 отсто на годишно ниво, по растот од 4,6 отсто во јануари, покажуваат податоците на Министерството за економија на Русија.
Забрзувањето на годишната динамика на БДП во февруари делумно се објаснува со престапната година, пишува „Комерсант“.
Министерството објави и дека годишната инфлација во Русија, во периодот од 26 март до 1 април, забрза на 7,62 отсто, додека во сегментот на прехранбените производи растот на цените забави на 0,07 отсто.
Рускиот премиер Михаил Мишустин за време на владиниот извештај до Државната дума изјавил дека растот на БДП на Русија е двојно поголем од развиените земји.
Според него, Русија е една од петте најголеми светски економии во однос на паритетот на куповната моќ, а Мишустин гледа потенцијал да влезе меѓу првите четири.