Рускиот брод го напушти турското пристаниште

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Товарниот брод „Жибек Жоли“ под руско знаме, за кој се вели дека превезувал украдено украинско жито, го напуштил северозападното турско пристаниште Караса во средата вечерта, покажаа податоците од следењето на бродот на компанијата „Рефинитив“, пренесе „Ројтерс“.

Украинскиот амбасадор во Турција во неделата изјави дека турските власти го задржале бродот на барање на Украина. Киев ја обвини Москва дека краде жито од териториите заземени од руските сили од почетокот на нападот врз Украина кон крајот на февруари.

Руското Министерство за надворешни работи во средата ги отфрли извештаите за задржувањето на бродот како лажни.

Москва претходно постојано негираше дека Русија украла украинско жито.

Слични содржини