Руската амбасада во Романија изјави дека упадот на беспилотно летало во романскиот воздушен простор е „провокација“ од страна на Украина, откако амбасадорот на Москва беше повикан од романското Министерство за надворешни работи поради инцидентот.
Амбасадорот Владимир Липаев рече дека обвинувањето на Романија дека Русија е одговорна за инцидентот е „неосновано“, објави АФП.
Во соопштението од амбасадата се вели: „Сите факти укажуваат на заклучокот дека ова е намерна провокација од страна на режимот во Киев“.
Се додава дека Букурешт не успеал „конкретно и убедливо да одговори“ на прашањата поставени од Русија.
Неколку фрагменти од беспилотни летала паднаа во Романија откако Москва испрати војници во Украина во февруари 2022 година, особено откако Русија ги засили нападите врз украинските пристаништа.
На 13 септември, Романија пријави дека нејзиниот воздушен простор бил нарушен од руски дрон.
Романијата испрати два борбени авиони Ф-16, кои „пресретнаа дрон во националниот воздушен простор“ и го следеа сè додека не исчезна од радарот, соопшти Министерството за одбрана.
Дронот не летал над населени места и не претставувал непосредна закана за безбедноста на населението, соопшти Министерството.