Рускиот “храбар херој” од војната во Украина го сврте огнот против Путин

од desk3
106 прегледи

 
Пред две години Игор Стрелков беше најпознатата личност од војната во источна Украина. Поранешниот офицер од руските сили за безбедност, со сив мустак и склоност кон историска реконструкција, го раководеше заземањето на Славјанск во 2014 година, што го навести вооружениот конфликт во целиот регион. Во Киев го доживуваат како брутален воен злосторник – агент на Кремљ, испратен од Москва да шири хаос во Украина. Во Русија го опишуваат како храбар воен херој, кој ги раководеше локалните бунтовнички сили во битката против Киев. Во тоа време Стрелков-Гиркин чекореа по ходниците во штабот на Донецките бунтовници, опашан со пиштол “Стечкин” со старата дрвена рачка и придружуван од тешко вооружени телохранители, пишува британскиот весник “Гардијан”.

c1fc4da7e978f950bba1b00851597c03

Две години подоцна, во малата московска канцеларија, тој е совршено различен. Во цивилна облека и благо здебелен, тој дава интервју за дописникот на “Гардијан”, галејќи огромна мачка, која лежи на масата пред него. Во последните недели Стрелков го насочи огнот кон реториката против Кремљ, иако веќе не располага со армија која ќе ги поддржи неговите зборови.

Неодамна Путин и неговото опкружување презедоа чекори кои ги сметам дека речиси неизбежно ќе доведат до колапс на системот. Сеуште не знам како и кога, но сме убедени дека тој ќе се сруши и најверојатно тоа ќе се случи порано, отколку подоцна, вели Стрелков .

Кремљ го повлече од Источна Украина во 2014 година, бидејќи, според тврдењата, руските власти сметале дека е преоптоварен со одговорности. Потоа Стрелков се покажа во чудната зона на самракот- му беше забрането да се врати во зоната на конфликтот, како и да се произнесува во државно контролираните медиуми. Откако речиси две години си седи кротко, претходниот симбол на прорусктаа кауза излезе со силно критична декларација против претседателот Владимир Путин, и што прорече катаклизми и крвопролевање во Русија во блиска иднина.

Стрелков смета дека Путин се двоумел во критичниот момент во 2014 година, од страв да не ги залади односите меѓу Русија и Западот. Како радикален националист, според кого Русија би требало да ги преземе сите украински земји во кои живеат етнички Руси, и кој ги опишува Украинците како “Руси кои зборуваат на различен дијалект”, Стрелков тврди дека е фатално што Путин е во мирување по анексија на Крим.

Токму сега · ЧИНГО (3)

 

“Тој го прескокна Рубикон, но тогаш застана, неочекувано и нелогично. Тој не се повлече, но не продолжи напред. Тој нема никакви идеи и изгледа чека чудо. Тој заглавил во средината на мочуриштето”, вели Стрелков .

Стрелков беше вклучен во листата на лицата на кои им беа наметнати меѓународни санкции за нивната улога во војната во Украина. Неодамна премиерот на Полска претстави пред меѓународниот трибунал во Хаг извештај кој содржи податоци за воените злосторства извршени од Стрелков , и изрази надеж дека ќе започне истрага.

Стрелков не негира дека застрелал луѓе за грабеж, но тврди дека егзекуциите биле легитимни, бидејќи одговараат на советскиот закон за правда во воено време.

Јас бев единствениот кој водеше судски постапки, а не само пукање во луѓе. Тоа беше тројка од судии со воен обвинител и адвокат и имаше исто така пресуди, вели тој.

Воените услови без стриктна дисциплина и без злобниот меч за правда, ситуацијата не би можела да биде под контрола, додава Стрелков : “Секој војник знаеше дека ако изврши кривично дело, ќе биде казнет строго како непријателот, ако не и построго. Тоа многу помогна за дисциплината. ”

Не е јасно до кој степен активностите на Стрелков во Украина биле координирани со Кремљ. За време на анексија на Крим, во кое Стрелков учествувал, руската воена операција беше внимателно подготвена до последен детал. Според некои тврдења, кога Стрелков се префрла во Источна Украина, работи повеќе во улога на самоангажиран, во контакт со Москва и под нејзина туторство, но не толку директно.

Јас бев во голема мера независна фигура, вели тој за својата дејност во Источна Украина. Додава дека ги активирал сите негови познанства, за да изврши притисок за целосна руска воена интервенција, но наскоро станало јасно дека тоа нема да се случи.

Постојат убедливи докази за руска финансиска и воена поддршка за бунтовниците, како и дека редовни руски војници се заробени во конфликтот во решавачкиот момент. Според извори од редовите на бунтовниците, повлекувањето на непредвидливиот Стрелков било предуслов поставен од Кремљ пред испраќање на војници под прикритие за да нанесат уништувачки удар на Украинците во битката за Иловајск.

Според податоците на “Гардијан” од август 2014 година Кремљ го вклучил Стрелков во неофицијалната “стоп листа” – листа на лица на кои да не се дава зборот на државната телевизија. Во оваа листа се и повеќето претставници на либералната опозиција во Русија.

“За нив јас сум неповолен, тие не знаат што да прават со мене: херој ли сум или сум терорист? Тие не можат да ме уапсат и испратат зад решетки, бидејќи така ќе излезе дека по волја на Западот ме нарекуваат терорист. Но исто така така им е непријатно и да ми оддадат почести, затоа сум во оваа дупка “, рече Стрелков .

Негов помошник изјави дека никој не сака да зборува со поранешниот Донецки командант, дури новинари кои се заинтересирале, потоа му се јавиле да кажат дека им е кажано подобро да не зборуваат со него.

“Властите не сакаат независни политичари или луѓе кои мислат слободно, без разлика кон кој камп припаѓаат. Тие дури и не сакаат слободно внимателни поддржувачи”, вели Стрелков .

Манифестот, распространет минатата недела од него и други националисти, е мешавина од изненадувачки либерални ветувања и империјална реторика за проширување на руските земји и заштита на Русите во поранешните советски републики.

Ние може да изгледаме маргинални, но и болшевиците не биле над 1% од населението, кога се завртеле работите во 1917 година, коментира пред изданието Егор Просвирин кој има националистички блог и ја потпишал декларацијата заедно со Стрелков .

Стрелков тврди дека не планира да се кандидира на изборите од страната на позицијата, но смета дека неговото време повторно ќе дојде.

“Ние не планираме да започнеме револуција со цел соборување на Владимир Путин. Јас сум учествувал во пет војни и многу добро знам што е тоа во големите градови да се руши власта и социјалната инфраструктура. Никој, вклучително и јас, не го сакаме тоа. Но за жал може да стане неизбежно “, вели Стрелков .

Кремљ се плаши многу од националистите, бидејќи тие ја користат истата царска реторика како Путин, но го прават подобро од него, вели опозицискиот лидер Алексеј Навални. Затоа има националисти во затвор, дури и оние кои го поддржуваат Путин. Тие одат да му ги бакнуваат нозете, тој ги шутира, дополнува Навални.

Според други луѓе, Стрелков кој за кратко блесна на сцената во 2014 година, е осуден да останр на периферијата оттука натаму, да зборува пред мали националистички групи за време на своите патувања низ земјата, но не и да добие сериозна поддршка.