Рускиот извоз на нафта во Индија зголемен за 25 пати

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Индија доби 34 милиони барели руска нафта по намалена цена од февруари, што е повеќе од 10 пати поголема од вредноста на вкупниот годишен увоз на Индија од Русија, објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци од компанијата за собирање и дистрибуција на финансиски информации Refinitive Icon.

Се наведува дека во Индија овој месец биле испорачани повеќе од 24 милиони барели руска нафта, наспроти 7,2 милиони барели во април и околу три милиони барели во март. Според податоците, таа јужноазиска земја во јуни од Русија ќе добие околу 28 милиони барели нафта.

Минатата година, извозот на руска сурова нафта во Индија во просек изнесуваше само 960.000 барели месечно, што е приближно 25 пати помалку од вкупните испораки овој месец, пренесе Раша тудеј.

Слични содржини