Рускиот мамец на панславизмот

од Vladimir Zorba

Кога пред многу години ја имав в раце книгата на бугарскиот публицист Николај Стојанов „Случајот Ванѓа – еден поинаков поглед“, се сретнав со сведоштво за еден интересен случај, денес позначаен од претходно.

Имено, станува збор за двете приватни посети на Леонид Брежнев  на видовитата петричанка во 70-тите, кога, очекувано, еден вид на домаќин бил првиот човек на бугарската држава и партија Тодор Живков. Татето, како што народот го викаше домаќинот на советскиот партиски и државен лидер, при тие посети, ослободени од други тековни прашања, според Стојанов, постојано инсистирал само на едно – советската наука да престане да го поддржува македонскиот идентитет (јазикот и нацијата) што без сомнение постоеше во Москва!

Факт е дека Брежњев одолеал на тој „пријателски“ притисок, бидејќи, советската, а потоа и руската официјална наука никогаш немала проблем со тоа прашање кое и за другиот словенскиот свет и не било проблем, освен за бугарската политика и наука!  Молкот на Брежнев го покажувал моделот на кој политиката на Кремљ го искажувала својот став – науката нека си го тера своето, а дипломатијата ќе лавира меѓу бугарското незадоволство и реалноста на македонската посебност. Тоа се случуваше и во современите односи, оние по разбивањето на СФРЈ и СССР, кога промената на политичките ветришта бргу донеле промена на односите кои се држеа на пријателството на политичарите на двете земји, зацврстено преку ловењето дивеч во шумите на Караѓорѓево.

Признавањето на автокефалноста на МПЦ започна од Цариград

Овој вовед е секако значаен токму во деновите кога прашањето на признавањето на МПЦ стана многу извесно, да не речеме практично решено, но дури после судирот меѓу две држави во кои е доминантно населението со православна вереисповед: агресивната Русија и нападнатата Украина; тој судир настана уште во 2014 година, што не можеше да не го разбранува светот на ортодоксното христијанство. Бидејќи руската црква е силен пропагатор на путинизмот, таа јасно се обиде да се пенетрира по тој почеток на отворена војна во „чување на резултатот“ во сите словенски краеви, освен, се разбира, во Украина.

Нема двојба дека во таа функција беше и појавата на  документарниот филм „Една вера, еден јазик“ на авторката Елена Валеревна Мироненко, за кого ние дознавме во декември 2021 година, а кој почна да се прикажува во нашите цркви на Бадник 2022 година. Ова предизвика силни реакции во Софија, со оценка дека истиот е направен на „антибугарска основа“.

Целата анализа на следниот линк!

Слични содржини