Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, оди на турнеја низ Персискиот Залив. Тој ќе ги посети Катар, Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати, објави руското Министерство за надворешни работи.
За време на неговата посета, Лавров ќе разговара со кралот на Саудиска Арабија, емирот на Кувајт и принцот од Абу Даби. Главната тема на неговите разговори е ситуацијата во Сирија, како и израелско-палестинскиот мировен процес. Заедно со лидерите на земјите од Заливот, рускиот министер за надворешни работи ќе се обиде да ги обедини своите позиции за прашања од глобално значење, како и да ја прошири соработката, се вели во соопштението на агенцијата.
Подготовките за руско-арапскиот форум за соработка на ниво на министри во април исто така ќе биде една од темите на разговорите.