Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу доживеал срцев удар?

од Nikola Popovski
279 прегледи

Украинскиот заменик-министер за внатрешни работи Антон Герашченко на Фејсбук објави дека Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, отсуствувал на јавни настани од средината на март, бидејќи доживеал срцев удар.

Тврдењето, кое не е независно потврдено, придонесува за мистеријата околу Шојгу, кој не беше виден во јавноста во последните 12 дена додека не се појави на телевизиските екрани само неколку секунди во четвртокот, на телефонска конференција со Владимир Путин.

Пред тоа ТВ гостување, кружеа гласини дека Шојгу можеби е казнет поради лошо спроведениот првичен план за инвазија на Украина и неуспехот да ги освои Харков или Киев.

– Шојгу имаше срцев удар и затоа не е во јавноста од средината на март. Доби срцев удар по целосниот неуспех на руската инвазија на Украина. Сега е на рехабилитација во Главната воена болница, напиша Герашченко на Фејсбук.

 

Слични содржини