Роман Старовојт, досегашен министер за транспорт на Русија денеска беше разрешен од функцијата, а по неколку часа е пронајден мртов со рана од огнено оружје, јави руската агенција „Известија“, повикувајќи се на истражните органи.
Автомобилот бил пронајден во паркот Малевич во Москва.
Старовојт беше министер за транспорт од 2024 година, а претходно губернатор на Курската област. Тој денеска беше разрешен поради проблемите во воздушниот сообраќај предизвиканит од украински напади со дронови.