Рускиот патријарх Кирил: Елизабета Втора симболизираше стабилност и континуитет

од Nikola Popovski
215 прегледи

Патријархот московски и на цела Русија Кирил му изрази сочувство на кралот Чарлс III за смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, истакнувајќи дека таа секогаш ја симболизирала стабилноста, континуитетот и одржливоста на историските традиции за целиот европски континент, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Руската православна црква.

„Вашата покојна мајка беше монархот со најдолг стаж во историјата на Кралството. Нејзиното владеење беше ера кога економските, социјалните и другите сфери на земјата се развиваа динамично. Во тој период Нејзиното Височество остана симбол на стабилност, континуитет и одржливост на вековната историска традиција како за нејзината татковина, така и за целиот европски континент. Политичките лидери и шефовите на светските сили ја третираа со голема почит. Имам најтопли спомени од нејзината посета на Русија во 1994 година“, навел патријархот во пораката со сочувство, пренесе руски ТАСС.

Тој потсети дека лично ја познавал кралицата Елизабета Втора и дека се сретнал со неа за време на неговиот четиридневен престој во Обединетото Кралство во октомври 2016 година.

„Признавам дека таа имаше многу отворено срце и беше дружељубива личност, вешта во разбирањето на луѓето, пример за најдлабокиот интелект и највисоката култура“, рече патријархот.

Тој го пренесе своето искрено сочувство до кралот и целиот народ на Велика Британија и му посака на Чарлс III помош во неговата служба како монарх.

Слични содржини