Рускиот премиер по бунтот на Вагнер: „Сите да се обединиме околу Путин“

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот премиер ги повика луѓето да се обединат околу Владимир Путин по бунтот на „Вагнер“.

Михаил Мишустин рече дека земјата е исправена пред предизвикот на стабилноста и дека мора да остане обединета.

„Главната работа во овие услови е да се обезбеди суверенитетот и независноста на нашата земја, безбедноста и благосостојбата на граѓаните“, рече тој.

„За тоа, обединувањето на целото општество е особено важно; ние треба да дејствуваме заедно, како еден тим и да го одржиме единството на сите сили собрани околу претседателот“, додаде тој.

Неговите коментари доаѓаат откако Путин во саботата рече дека бунтот на групата „Вагнер“ го загрозува самиот опстанок на Русија.

Рускиот претседател оттогаш не зборуваше јавно за драматичните настани.

Слични содржини