261
Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја денеска изјави дека Русија напредува во Украина и дека источните региони Доњецк и Луганск, како што рече, „многу брзо ќе бидат ослободени“.
Во интервју за Би-Би-Си, Небензја на прашањето дали руската инвазија на Украина оди според планот по 100 дена вооружен конфликт, одговори дека е очигледно дека „специјалната воена операција“ напредува според очекувањата.
„Ми се чини дека има напредок. Никој не вети резултат за три дена или една недела. Сега некои експерти уверуваат дека руската воена операција е запрена и оди многу побавно од планираното. Но има напредок, тој продолжува и тоа е јасно како ден“, изјави Небензја.