Рускиот суд ја осуди американската кошаркарка Грајнер на девет години затвор

од Nikola Popovski

Американската кошаркарка Бритни Грајнер денеска е прогласена за виновна во Русија за шверц на дрога. Таа беше приведена уште во февруари, а денеска и беше изречена казната, која изнесува девет години.

Грајнер се изјасни за виновна за внесување на течност за електронски цигари кое содржи масло од хашиш.

Претходно Обвинителот побарал девет и пол години затвор за ѕвездата на ВНБА. Ова следува откако во последните неколку недели се зборуваше за „дил“ со Американците кои бараа нејзина екстрадиција.

Грајнер пристигнала во судот со лисици и придружуван од руски полицајци. Откако ги извадила лисиците, разговарала со својот адвокатски тим, а потоа кренала фотографија од Екатеринбург, клубот за кој игра во Русија за време на паузата во САД.

Грајнер изјавила пред судот: „Сакам да им се извинам на моите соиграчи, мојот клуб, моите навивачи и градот (Екатеринбург) за мојата грешка што ја направив и за срамот што им го нанесов. Сакам да им се извинам и на моите родители, на моите браќа и сестри, на организацијата Феникс Меркјури дома, на прекрасните жени од ВНБА и на мојот неверојатен сопружник дома. Никогаш немав намера да го загрозам руското население. Никогаш немав намера да кршам закони овде. Направив искрена грешка и се надевам дека со вашата пресуда нема да заврши мојот живот овде“.

Судијката Ана Сотникова изјавила дека времето кое Грајнер го одлежала во притвор од нејзиното апсење во февруари ќе биде пресметено во казната, објави „Unilad“.

Слични содржини