Рускиот вселенски брод “Прогрес М-27М” падна на околу 900 километри западно од Маркизките острови

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Рускиот вселенски брод “Прогрес М-27М” падна на околу 900 километри западно од Маркизките острови во централниот дел на Тихиот Океан, пренесоа агенциите , повикувајќи се на извор од вселенскaтa индустрија. 7fa12df52e1ddf1f4f92ee68eea25532

“Бродот” Прогрес “падна во 05.04 часот по московско време на 900 километри западно од Маркизките острови “, изјави изворот.

Претходно од Роскомос соопштија дека вселенскиот брод влегол во цврстите слоеви на атмосферата и е прегорен.

Резултатите од истрагата ќе бидат претставени не подоцна од 13 мај, по крајот на работата на Државната комисија, посочија од Заводот.