Руските авиокомпании ќе си ги задржат авионите што ги изнајмиле во странство

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Сè уште не се знае што ќе биде со стотиците авиони што руските авиокомпании ги изнајмија од странски компании, откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој им се дозволува на компаниите да ги регистрираат тие авиони и да продолжат да летаат со нив.

Руските државни медиуми објавија дека новиот закон ќе им овозможи на руските авиокомпании да ги користат тие авиони во Русија.

Некои од тие авиони биле изнајмени и од Ирска, членка на Европската унија (ЕУ).

Минатиот месец ЕУ забрани продажба и издавање авиони на Русија, што е дел од санкциите воведени кон Русија поради инвазијата на Украина.

Компаниите добија рок до 28 март да ги раскинат сите договори со руската страна.