Руските команданти бегаат од Херсон и ги оставаат зад себе деморализираните трупи

од Vladimir Zorba

Руските команданти во Херсон бегаат и оставаат неопремени и „деморализирани“ војници да се соочат со украинските напади, информираат официјални западни претставници, пренесува Индипендент.

Официјалните претставници рекоа дека додека поголем дел од војниците на Путин пристигнале во очигледен обид да ги зајакнат своите одбранбени позиции во клучниот град, многумина неодамна биле мобилизирани резервисти кои често биле „очајно опремени и подготвени“.

„Во Херсон, веројатно е дека повеќето ешалони на команда сега се повлекле преку реката оставајќи деморализирани и без лидери луѓе да се соочат со украинските напади. Дури некои резервисти пристигнуваат во боиштето без оружје“, рече еден функционер.

Западни официјални претставници велат дека руските командантите „оставаат деморализирани и без лидери руски војници да се соочат со украинските напади. Според нив, Русите исто така имаат „критичен недостиг“ од муниција – вклучително и артилериски гранати, а дополнителни залихи се бараат дури и од Северна Кореја

„Освен пукањето со пушки и ракетни фрлачи, сè друго е запрено“, рече еден официјален претставник.
Официјалните лица сугерираа дека Путин најверојатно ќе биде под зголемен притисок од националистичките тврдокорни страни додека се подготвува да ги повлече руските сили од Херсон.

Официјални лица рекоа дека планирањето да се извлечат силите од Херсон преку реката Днипро, се чини дека е добро напреднато, бидејќи голем дел од цивилното население веќе е преместено од градот.

Но, иако официјалните лица очекуваат тоа да биде претставено од Кремљ како хуманитарна евакуација, а не како воено повлекување, тие веруваат дека тоа нема да спречи понатамошни критики за водењето на војната.

„Кога ќе продолжи, можеме да очекуваме уште еден пораст во острата критика на руското национално раководство“, рече еден западен функционер. Клучна задача за нас ќе биде да продолжиме да следиме како тоа влијае на кредибилитетот на Путин. Засега, се чини дека тој продолжува успешно да ги одвраќа острите вербални напади кон неговите поручници“.

Проценката доаѓа откако еден поранешен сојузник на Путин – шефот на озлогласените платеници Вагнер групата, Евгениј Пригожин – ја засили својата критика кон рускиот лидер.

Во изјава претходно оваа недела, тој остро го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски – кој Москва рутински го осудува како неонацистички зависник од дрога – како „силен и самоуверен лидер“.

Еден функционер рече дека ваквите критики во минатото го навеле Путин да донесе одлуки што би сакал да ги избегне – како што е делумната мобилизација на воените резервисти – иако се чини дека неговата позиција е под непосредна закана.

„Имаше притисок од десницата на Путин насочен главно кон руското Министерство за одбрана кои се сметаа дека лошо управуваат со водењето на војната“, рече претставникот. „Нашата проценка е дека еден од факторите што го натера да го направи тој чекор (мобилизација) беше потребата да се смират оние кои го критикуваат спроведувањето на војната како недоволно определено.

И Украина и Русија се подготвуваа за она што би можело да биде клучна битка за контрола.

Украинските трупи продолжуваат со напорите за враќање на јужниот регион Херсон и неговиот главен град, заробени од руските трупи во првите денови од инвазијата.

Украинската војска го опколила градот од запад, и го нападнаа упориштето на Русија на западниот дел на реката Днипро, која го дели регионот и земјата.

Руските сили кои го напуштаат Херсон, ги извадија посмртните останки на Григориј Потемкин, руски државник, од неговиот гроб во Украина. Гувернерот поддржан од Москва тврди дека потегот бил да се заштити една од нивните национални икони за време на украинската контраофанзива во градот Керсон, каде што бил погребан.

Во последните денови беа преместени спомениците на руските херои. Ова ги вклучува посмртните останки на Потемкин, генералот кој го основал Херсон и ја предводел анексијата на Крим во 18 век од Руската империја. Посмртните останки на принцот биле чувани во градската црква Света Катерина.

Спомениците на руските воени началници од 18 век Александар Суворов и Фјодор Ушаков исто така се отстранети од Херсон.

Од Херсон, исто така, побегнаа и членовите на регионалната администрација поддржана од Русија, изјави заменик-гувернерот Кирил Стремусов.

И на социјалните мрежи се објавуваат фотографии во кои се гладаат знаци дека русите го напуштаат Херсон. И руски Телеграм канал потврди дека руското знаме е отстрането од административната зграда во Херсон.

Вчера, исто така беше забележано дека Руските агресори ги напуштија контролните пунктови во Чорнобаивка, Степанивка и Билозерка во регионот Херсон, а бројот на руски воен персонал паѓа во Херсон, изјави градоначалникот на Олешки, Јевхен Ришчук, во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

„Локалните жители од десниот брег на регионот Херсон известуваат дека руските војници ги напуштиле контролните пунктови во населбите Чорнобаивка, Степанивка и Билозерка. Во самиот град Херсон визуелно е намален бројот на воениот персонал“, напиша Ришчук.

И претходните извештаи говореа дека руските напаѓачи ја повлекле сета своја воена опрема од аеродромот во заземената населба Чорнобаивка, регионот Херсон.

Слични содржини