Некои руски медиуми, како независниот портал Медуза, емитуваат видео на кое наводно се гледа шефот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој не е виден во јавноста откако го предводеше „вооружениот марш кон Москва“ на 24 јуни.
„Ова што се случува на фронтот е срам во кој не треба да учествуваме“, наводно рекол Пригожин во видеото што Медуза го објави на профилот на Телеграм.
Исто така, на одредени профили на Телеграм поврзани со „Вагнер“, се наведува дека снимката е направена за време на разговорот на Пригожин со неговите војници кои пристигнале во Белорусија.
«То, что происходит на фронте — позор, в котором нам не нужно участвовать»
На видео ЧВК «Вагнер» и их глава Евгений Пригожин окончательно переехали в Беларусь.
«Сейчас то, что происходит на фронте — позор, в котором нам не нужно участвовать», — глава наёмников заявил, что… pic.twitter.com/P8nj2SEkSl
— МОБИЛИЗАЦИЯ I Новости I Что делать? (@mobilizationews) July 19, 2023
„Почекајте го моментот кога ќе можеме целосно да се докажеме. Затоа беше одлучено уште малку да бидеме овде во Белорусија“, вели Пригожин во видеото, чија релевантност не е потврдена.
На видеото се слуша како вели дека ќе ја направат белоруската армија „втора армија на светот“.
„Ако треба, ќе застанеме за нив“, наводно рекол Пригожин и побарал од платениците да внимаваат на фактот дека Белорусите ги пречекале „не само како херои, туку и како браќа“.
Тој ги повика вагнерците да се „подготват“, да го подигнат „нивото“ и „на нов пат, кон Африка“ и додаде дека не е исклучено неговите војници еден ден повторно да се најдат на фронтот.