Руските напади врз Сирија го зголемија рејтингот на Путин

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин достигна рекордна вредност од речиси 90 отсто, покажуваат денеска објавените податоци од истражувањето на јавното мислење во Русија на социолошкиот центар ВЦИОМ, јави ТАСС.

MOSCOW, RUSSIA - OCTOBER 28: Russian President Vladimir Putin observes a reconstruction site of the Luzhniki stadium on October 28, 2014 in Moscow, Russia. The Luzhniki stadium is to become one of the venues of the 2018 FIFA World Cup.(Photo by Sasha Mordovets/Getty Images)

Анкетата покажа дека позитивно мислење за работата на Путин имаат 89,9 отсто од испитаниците, што е нов рекорд. Овој резултат го надминува претходниот рекорд, регистриран во јуни 2015 година, кога рејтингот на Путин изнесуваше 89,1 отсто.

Според експертите на ВЦИОМ, новиот уште повисок рејтинг на претседател е условен пред се од случувањата во Сирија и водушните напади на руската авијација врз позиции на терористите.

Тоа се главните настани изминатата недела според 26 отсто од учесниците во анкетата. Оценките за активностите на претседателот веќе една и пол година се над 80 отсто, нагласуваат руските социолози.

– Рејтингот на Путин почна да расте пролетта 2014 година во пресрет на новото обединувањето на Крим и Севастопољ со Русија. Во март 2014 година тој достигна 76,2 отсто, во април 82,2 проценти, а во мај 86,2 отсто, нагласува ВЦИОМ.

Анкетата била спроведена на примерок од 1.600 лица во 130 населени места во Русија.