Руските сили го гранатирале албанскиот конзулат во Украина

од Nikola Popovski
252 прегледи

Албанското Министерство за Европа и надворешни работи најостро го осуди уништувањето на почесниот конзулат на Албанија во Харков во Украина.

На Твитер профилот на албанското Министерство, заедно со фотографии од уништената зграда, било објавено дека ја осудуваат, како што наведоа, „руската агресија“ и дека сторителите на овој чин мора да одговараат.

Албанија е меѓу земјите кои се на рускиот список „земји непријатели кои воведоа санкции против Русија“.

Слични содржини