На социјалните мрежи се појави видео од рускиот напад на киевската ТВ кула.
Автентичноста на видеото ја потврди и Би-Би-Си, а на неа се гледа како била погодена кулата висока 385 метри (најверојатно со проектил).
Според Гардијан, советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Херашченко потврдил дека телевизиската кула во главниот град е нападната, што може да доведе до прекини во преносот на сигналот.
Russians are destroying the Kyiv TV Tower.
They are trying to cut us off from communications. pic.twitter.com/ppi264K5Jf— Illia Ponomarenko (@IAPonomarenko) March 1, 2022
Моментално достапните информации не прецизираат дали кулата била директно погодена.
Локалната телевизија 1+1 извести дека ќе се работи на враќање на изгубениот ТВ сигнал.
Новинарите во главниот град на Украина предупредуваат дека ова е обид да се прекинат сите комуникации.
Russian forces have just fired at the #Kyiv TV Tower.#StandWithUkraine #StopRussia #StopPutinNOW pic.twitter.com/Prf3WMB4gt
— Verkhovna Rada of Ukraine (@ua_parliament) March 1, 2022